Кирацовски: Со какви сé документи Груевски ги држи замолчани соработниците!

На денешната прес-конференција, Ацо Кирацовски, дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација, во оставка, го обвини Никола Груевски, дека додека бил на позицијата - премиер бил запознаен со спорни и незаконски тендери, преку кои се одлевале милиони евра народни пари.

Како доказ, Кирацовски го приложи документот „Информација за функционирањето на МИОА од 2007 до 2012 година“ потпишан од Владимир Пешевски, вицепремиер за економски прашања.

„ Се поставува прашањето: Дали Груевски ја нарачал анализата на сомнителните тендери во МИОА, преку неговиот послушник Владимир Пешевски, за да обезбеди молк од соработниците?... Со какви други документи во кои се потврдуваат неправилности и криминал, Никола Груевски во молк ги држи неговите соработници, кои досега несфатливо покриваат очи и уши на вистината за нивниот шеф – криминалец?“,  изјави денес  Кирацовски.

Според овој документ, кој бил обележан како доверлив, илјадници евра во фирми блиски до власта, завршиле и за проектот психолошки тестови за администрацијата и софтвер за тестовите. Во фирма на сопственикот на Алфа ТВ, поврзана со кумот на Мијалков, завршиле 15 милиони долари за дел од проектот „Компјутер за секое дете“, а според Кирацовски, сето тоа одело преку ексминистерот Иво Ивановски и Марта Арсовска Томовска.

Print Friendly, PDF & Email