Кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Битола, СДСМ во Штип, ДПА во Матејче...

Уште девет дена им остана на политичките партии да ја пренесат својата изборна програма на граѓанките и граѓаните, до денот на гласање.

СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“ ќе има митинзи во Пробиштип во 17.30 и во Штип 19,00 часот.

Изборниот карван на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ денеска ќе биде во Демир Хисар 17.30 и Битола во 20,00 часот

„Коалицијата за промени и правда“ ќе има митинг во Мултикултурниот центар во Кочани во 18 часот.

Кандидатите за пратеници на Демократската партија на Албанците ќе бидат во Матејче во 18.30 часот.

„Алијансата за Албанците“ ќе има митинзи во Брвеница во 18,00 и Желино 19,00 часот.

Претставници на Движењето „Беса“ ќе ја посетат Стопанската комора на северозападна Македонија, која ќе им ја презентира својата економска платформа.

 

Print Friendly, PDF & Email