Како се дисквалификува демократијата

Публикацијата „Избори 2014: Дисквалификувана демократија“ претставува сериозна и сеопфатна анализа на изборите и политичката атмосфера во Република Македонија. Промоција и изложба на 8-ми јули (вторник), со почеток во 12 часот во ГЕМ Клубот во Старата Скопска Чаршија.

Архивска фотографија од панел дискусија, 27 април 2014

Содржините во неа се само селекција на сето она што го нотиравме изминатиот период, од распишувањето на изборите, предвремениот почеток на изборните кампањи и кршењето на изборниот молк, преку медиумската пристрасност и пропагандната неизбалансираност, употребата на полицијата, партиските притисоци и поткупот на гласачи. Станува збор и за проблемот со фантомските гласачи, незаконското однесување на членови на избирачките одбори, јавното гласање, семејното и групно гласање, па сѐ до реакцијата и одговорот на институциите на констатираните неправилности, но и нашето постизборно набљудување. Ова се само дел од темите кои се обработуваат во исклучително прецизната вивисекција на севкупниот изборен процес, притоа посветувајќи особено внимание на објективноста со поткрепување на секој збор со факти.

За поставката на артефакти од проектот е задолжена група уметници кои воедно изготвија исклучително интересни и освежувачки дизајнерски креации, збогатувајќи го просторот и доживувањето на оние кои ќе го посетат настанот на 8-ми јули (вторник), со почеток во 12 часот во ГЕМ Клубот во Старата Скопска Чаршија. Сите граѓан(к)и се поканети и добредојдени на заедничко дружење и забава со проектниот тим кој стои зад организацијата и реализацијата на проектот.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish