ИЗЛЕЗ ОД ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 Цивил- Центар за слобода, денеска, 1 март, ги објави првичните резултати од мониторингот на работните групи за превенција, во рамките на проектот Слободни и ненасилни избори 2013. Дел од семинарот во рамките на проектот беше и Конференцијата за политичката култура и дијалогот во Македонија, на тема “ДЕМОКРАТСКИ ПЕРСПЕКТИВИ“, на која учествуваа неколку градоначалници, претставници на политички партии, граѓански организации, претставници на меѓународните организации и странски дипломати.  Цивил во оваа прилика го повтори својот апел за повисоко ниво на политичка култура, за цивилизиран дијалог и за политичко помирување

Анушка Цветковска


DSCN0040Предвреме започнати кампањи, отворање изборни штабови, партизација на медиуми , уцени, заплашувања, поткупувања на социјално ранливи лица и заедници... се регистрирани во сите региони и во секој град посебно.

Што е направено до сега, за активизамот во овој предизборен период, за заложбите на политичките партии, кандидатите за градоначалници како и за секој еден граѓанин засегнат од изборниот процес, преку нивните првични извештаи реферираа денеска координаторите на работните групи формирани од Цивил во 9 рергионални центри кои ја покриваат целата територија на Република Македонија.

Работните групи за превенција, формирани од Цивил, во соработка со партнерските организации, стационирани во Охрид, Битола, Струмица, Куманово, Тетово, Кичево, Штип, Велес и Скопје веќе со недели ја надгледуваат политичката ситуација на локално ниво.

Предвреме започнати кампањи, отворање изборни штабови, партизација на медиуми , уцени, заплашувања, поткупувања на социјално ранливи лица и заедници... се регистрирани во сите региони и во секој град посебно.

Иако кампањата не е официјално почната, и секое рекламирање и агитирање пред предвидениот датум за почеток се сметаат за незаконски, информации за притисоци, закани и агитирање беа потврдени од сите известувачи.

Во Охрид и Битола , во многу тензична атмосфера се стравува од инциденти.  Големо незадоволство и фрустрации има меѓу граѓаните, особено кај неопределените.  Слично како и во Струмица, граѓаните кои се неопределени се најреволтирани. Нивното излегување на гласање е целосно јавно, и го доживуваат како етикетирање. Ако излезат автоматски се квалификуваат како ВМРО-вци, а ако не излезат значи дека се поддржувачи на СДСМ.

DSCN0066Куманово, Штип и Велес само ги потврдија сомнежите за активирање на државните службеници  во агитирање за партијата и партиските кандидати за градоначалници. Административците се често жртви на уценувања, добиваат закани за отказ или деградирање  на работните места.

Тетово и Кичево се посочуваат како почувствителни средини во поглед на мултиетичноста.  Особено специфична е состојбата на Кичево. По реорганизирањето на изборната единица, изменета е стуктурата на населението.  Сега , доминантно е албанското население.  Овој пат вниманието не е концентрирано кон партиски програми, проекти и ветувања. Се работи за етничка конкуренција.  До нашите набљудувачи дури стигнале ииинформации за тајно преговарање помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ да подржат заеднички македонски кандидат, како не би му се дало шанса на албанец во овој крај. ДУИ пак, воопшто не крие дека сериозно е ангажирана во мобилизирање на дијаспората и нивно мотивирање да гласаат за како што ја нарекуваат историската шанса за градоначалник Албанец.

Манипулирање со социјално загрозени семејства дури и присуство на владини и партиски функционери на средби со граѓани се забележани во Скопје.  Ангажирање на малолетни лица за деликвентни активности, како демолирање на партиски штабови и испишување навредливи графити, на пример со националистички тонови во Тетово, Кичево, Гостивар, забележано е и во Скопје. “Луѓето не сакаат да зборуваат јавно, уплашени се и конфузни“- едногласни беа сите работни групи и нивните координатори.

Освен координтаорите на работните групи за превенција,на денешната конференција присуствиуваа и со своите согледувања придонесоа и дипломати, градоначалници, претставници на граѓанското општество и набљудувачи.

Изет Меџити,потпретседател на ДУИ, актуелен градоначалник на Чаир и кандидат на престојните локални избори, како и Басри Бајрами, градоначалник на Арачиново и независен кандидат за нареден мандат ги изнесоа своите демократски определби и идентични беа во ставот дека во развиени демократии воопшто не се ни зборува за изборите, а камо ли со толку тензија, услови и уцени. Впечатливо беше излагањето и на портпаролот на ВМРО-НП, Ване Цветанов, инаку и поранешен функционер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој преку  лични искуства и блиски инсајдерски информации ни ја потврди политиката на анкетирање и агитирање од врата на врата, потоа собирањето сигурни гласови.  Тоа подразбира испитување на партиските членови, активисти, па дури и на неопределените граѓани од што и зошто се незадоволни, потоа нивно мотивирање и гарантирање на надомест за нивниот глас. Доменико Албонети од набљудувачката мисија на ОБСЕ и Теодора Поповска во името на граѓанската асоцијација МОСТ, ни го потврдија својот придонес кон транспарентност и превенција од нерегуларности низ изборниот процес.

Нашата заедничка оценка  на крајот од оваа работна средба , како и повеќе пати јавно искажана е дека Република Македонија бележи сериозна ерозија на демократијата и владеењето на правото. Затоа, сите политички актери во замјата треба итно да се свртат кон интересите на сите граѓани и да покажат зрелост во овие тешки денови.

 П. С.

На интернет страницата на Цивил се обајвени комплетните првични извештаи на сите девет регионални работни групи за превенција на Цивил, како и излагањата на градоначалниците кои присуствуваа и се обратија на конференцијата ДЕМОКРАТСКИ ПЕРСПЕКТИВИ

Print Friendly, PDF & Email