ИСЧЕКОР КОН НАДМИНУВАЊЕ НА КРИЗАТА

Македонија, конечно, направи исчекор кон решавање на политичката криза, која се закануваше сериозно да ја дестабилизира државата и да ги замрзне нејзините евроатлански перспективи.

Ристо Поповски

Опозицијата денеска се откажа од бојкот на локалните избори и ќе се врати во Собранието од каде брутално, заедно со новинарите, беше исфрлена со интервенција на полиција, а по наредба на власта. Овој инцидент ќе го истражува посебна Анкетна комисија.

 Договорот за исчекор од кризата е резултат и на силен притисок на Европската унија (ЕУ) и на Европскиот парламент (ЕП) чии што високи претставници Штефан Фуле, Ричард Ховит и Јиржи Бусек, во петокот беа во еднодневна посета на Скопје.

 Компромисот е постигнат на заедничка средба на европската тројка, лидерите на власта и опозиција и на претседателот на државата. Претставниците на ЕУ откако е постигнат договор за излез од длабоката политичка криза не дадоа изјави за новинарите.

eu-info-centar-skopjeИзвестувачот на Европскиот парламент за Македонија Ричард Ховит, без да го коментира, пред новинарите го прочита Договорот кој содржи три точки :

 1. за враќање на нормалниот политички живот:

- сите партии да се вратат во Собранието и да учествуваат на закажаните локални избори.

2. за поддршка на непосредните клучни реформски мерки, вклучително и:

- подобрување на функционирањето на Собранието, вклучувајќи ја и иницијативата на Претседателот за формирање на ад хок Анкетна комисија (која би ги разгледала, меѓу другото, настаните на и пред 24. декември, вклучувајќи ја и нивната  уставност, обезбедувањето во и надвор од Собранието и преглед на собраниските процедурални правила), резултатите од кои би биле се рефлектирале во Извештајот за напредокот од страна на Европската Комисијата кој ќе биде објавен во есента 2013 година.

- изборна реформа,по локалните избори, вклучително и во однос на избирачкиот список (на пример пост-изборна ревизија на списокот) и други препораки од страна на ОБСЕ/ОДИХР.

- слобода на изразување, на пример продолжување на дијалогот со новинарите, воден од Здружението на новинари, и други мерки за изградба на довербата.

3. за изборниот календар:

- да се обезбеди соодветно време за регистрирање на кандидатските листи за локалните избори.

- да се оствари средба непосредно по локалните избори за да се разговара за внатрешно-политичката ситуација, вклучувајќи ги и наодите на  Анкетната комисија за настаните од 24. декември, и да продолжат разговорите, со добра волја, за сите опции, и без прејудицирање за дефинирање на времето за одржување на следните парламентарни избори, врз основа на спроведувањето на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, така што резултатите да може да се земат предвид во следниот Извештај за напредокот од страна на Европската Комисија.

Print Friendly, PDF & Email