Ибрахими: Изборите на 5-ти јуни легитимираат кражба и диктатура

Зекир Ибрахими од Движењето Беса беше еден од говорниците на јавната дискусија на тема „Плурализмот и политичката криза“ во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода. На јавната дискусија присуствуваа над 50 претставници на организациите на граѓанското општество, медиуми, граѓански иницијативи и дипломатските претставништва и мониторинг мисии во Република Македонија.

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=QUg4QBKN4yE[/youtube]

Ибрахими во својот говор ја истакна поребата од сериозни решенија и промени за излез од политичката криза.

"Македонија нема потреба за козметички реформи, туку за коренита редефиниција. За жал, реалноста денес ја потврдува нашата констатација: претседателот ја злоупотребува функцијата со аболицијата, премиерот е повеќепати помилувано лице... Во ваква држава е несреќа да си државјанин. Не ни требаат брзи решенија, туку редефиницја од корен, за кризата да не ни се повтори. Услови за избори на 5-ти јуни нема, и Беса нема да оди на избори кои легитимираат кражба и диктатура", заклучи Ибрахими.

Настанот се одржа во рамките на проектите „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“, поддржан од Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија и „Напред!“ – проект за изборен мониторинг, финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.

Print Friendly, PDF & Email