ГЛОБАЛНА НЕДЕЛА ЗА АКЦИЈА ПРОТИВ ОРУЖЕНОТО НАСИЛСТВО

Глобална недела за акција против огненото оружје е иницијатива на Меѓународната акциона мрежа за малото оружје (International Action Network on Small Arms, IANSA).Оваа глобална акција започнува денеска, 16 септември 2013 и ќе трае до 21септември2013. Последниот ден од оваа глобална акција коинцидира со Меѓународниот ден на мирот, 21 септември.

WoA message card 2013 (Small)Во текот на оваа недела тимови на Цивил со поддршка од стручни лица од релевантни институции ќе одржат предавања во средните училишта во Скопје за ризиците од оруженото насилство, арт работилница за деца и млади, прес конференција, а деновите на Неделата за акција против оруженото насилство ќе бидат искористени и за зацрстување на соработката со релевантните државни и меѓународни институции и финализирање на новата стратегија (2014-2018) на Цивил во доменот на контролата за оружјето.

Глобалната недела за акција против оруженото насилство е време кога се промовира борбата против оруженото насилство и култот кон оружјето во светот. Ова се денови кога владите во светот се потсетуваат дека имаат обврска да се придржуваат кон постојните стандарди и спогодби за контрола на оружјето и да земат учество во стопирање на распространувањето и шверцот со оружје. Исто така, Глобалната недела за акција е одличен повод за јакнење на јавната свест на национално и глобално ниво за надминување на култот кон оружјето и ставање крај на оруженото насилство на улиците и во семејствата, како и менаџмент на резервите на оружје и борба против нелегалното оружје.

Цивил – Центар за слобода е организација членка на Меѓународната акциона мрежа за малото оружје (International Action Network on Small Arms, IANSA) од 2002 година во време кога само неколку организации во светот ја започнаа глобалната битка против оружјето. Цивил е членка и на коалицијата Control Arms, предводена од Amnesty International, Oxfam и IANSAод самиот почеток, коалиција која се залага за воспоставување на стриктна глобална спогодба за трговија со оружјето.

nogunЦивил традиционално ја одбележува Глобалната недела за акција против оруженото насилство. Веќе 12 годиниЦивил спроведува активности за јакнење на јавната свест и едукација на децата, младите и општата популација. Во изминатите години, Цивил оствари одлична соработка со релевантни институции и организации, вклучувајќи ја Владата на РМ, Проектот за контрола на оружјето при УНДП, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, како и со Министерството за внатрешни работи на РМ и МВР - Центар за обуки.

Цивил секојдневно ќе биде на располагање за комуникација со медиумите и споделување на информациите за активностите во земјата и во светот.

Цивил подготвува и иницијатива по повод Меѓународниот ден на мирот (21 септември) за која ќе ја известиме јавноста во утрешното соопштение.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian