Фондација Фридрих Еберт: Како до функционална демократија?

„Градење на социјална кохезија од ‘темел-нагоре’: Денот потоа“ е дел од активностите кои ги спроведува Фондацијата Фридрих Еберт (ФЕС) во соработка со граѓанското општество. На денешната јавна дискусија се презентираа целите на активностите, учесниците во спроведувањето и инструментите потребни за да се постигне кохензивно општество. 

„ФЕС веќе 20 години со своите активности во Македонија, се стреми кон вклучување на сите актери вклучени во општеството. Само со развој на социјалната кохезија ќе се развие и функционална демократија. Тоа може да се постигне само со комуникација и соработка. Тоа е и основната цел на оваа активност, да се создадат сетови на барања преку процес на сеопфатен дијалог со прогресивните чинители од граѓанското општество и науките„ истакна Милан Живковиќ од  ФЕС, претставувајќи го проектот.
Франкт Хантке, гостин од ФЕС-Тирана, зборуваше за важноста од дефинирање на заеднички став со кој ќе се согласат сите актери во општеството кои ќе се придржуваат до тоа. 

DSC_0225

„Додека сме млади сите сакаме да бидеме различни од просекот, да бидеме подобри. Но реалноста е дека вистинската движечка сила на општеството е просечниот човек, односно средната класа. Не академската заедница, не научниците и најбогатите слоеви, туку средната класа. Балканот во моментов, но и во догледно време нема да направи значителни поместувања кон демократијата. Стои во место а многу често назадува. Затоа е потребно да се постават приоритети и да се подготват документи, анализи и закони, кои ќе се спроведуваат во пракса. Балканските држави подготвуваат документи но не ги имплементираат. 'Денот потоа', има за цел тоа да го промени“, изјави Хантке.
Области на фокус во рамки на оваа активност се демократијата и човековите права, социјалнa-држава, социјално-праведна економија и одржлива животна средина.

Како што објасни Живковиќ, предвидени се три фази, кои опфаќаат вклучување на граѓанскиот сектор, изготвување на легислатива во која свој придонес ќе имаат и граѓанските организации и како трета фаза мониторинг на имплементацијата на легислативата. 

„Во период кога во Македонија се актуелни ад хок иницијативи, оваа активноста спротивно на тоа вклучува луѓе кои не се тука ад хок, од денес за утре, туку се луѓе и организации кои се стручни во областа во која ќе работата и се ентузијасти. Нашата цел ќе ја постигнеме со јавен дискурс и делиберација на јавниот простор каде може да се креираат политики“, вели  Драган Гоцевски, координатор на четирите области.

На јавната дискусија учествуваа и ко-координаторите Невена Смилевска, Билјана Дуковска и Ана Чоловиќ Нешоска.

Марија Теговска

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian