„Europe, my country“: Национална конференција за активно граѓанство

Националната конференција „Europe, my country“ (Европа, мојата земја), во организација на EuroDEMOS - Романија, V2020 - Англија, TDM2000 - Италија и Младински сојуз Крушево - Македонија, започна во 10:00 часот во ЕУ Инфо Центар Скопје.Проектот „Europe, my country!“ (Европа, мојата земја), има за цел да ја подигне свеста и да го охрабри демократското учество и активното граѓанство кај луѓето, преку поттикнување на чувството за одговорност и за разбирање на законските процедури и на институциите на национално ниво, но и во рамките на ЕУ. Во рамките на проектот е спроведена анализа меѓу граѓаните за евалуација на активностите на сите прeтставници во парламентот на Република Македонија.

Оваа конференција има за цел на едно место да ги соочи граѓаните, граѓанскиот сектор и носителите на одлуки (парламентарците), а во исто време, и да се продискутираат резултатите од истражувањето.

Панелисти на дебатата ќе бидат: Ана Јовковска, граѓанска активистка и новинарка, политичкиот аналитичар Сашо Орданоски, пратениците Лидија Димова и Стефан Богоевски, а на тема „(Не)информирани граѓани на Европската унија“, со почеток во 15:00 часот, ќе зборува Н.Е. Кристине Д. Алтхаузер, амбасадорка на Сојузна Република Германија во Македонија.

Проектот е поддржан од Europe for Citizens програмата на Европска унија.

Print Friendly, PDF & Email