Едноставно пријавување за набљудувачи од земјава и од странство

Голем број наши сограѓанки и сограѓани кои живеат во странство деновиве се интересираат како можат да се вклучат во изборниот мониторинг на ЦИВИЛ

Постапката за акредитирање на набљудувачи од странство и од Македонија е едноставна. Треба да достават име и презиме, на кирилично писмо и писмото кое е употребено во нивната патна исправа, како и број на валидна патна исправа. Тоа е сѐ.

Податоците треба да се испратат на [email protected] или да се пополни апликацијата на веб страницата #СлободниИзбори (кликнете на линкот). Пополнувањето на апликацијата трае околу две минути. Тоа може да се направи и од мобилен телефон.

Рокот за пријавување на сите заинтересирани за изборен мониторинг истекува в четврток, 1 декември, 16 часот. Обуката за набљудувачите ќе се одржи во текот на викендот (3 и 4 декември) за оние кои живеат во Македонија, додека за набљудувачите од странство, обуката ќе се одржи онлајн, на почетокот на идната недела.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian English