Прес на ЦИВИЛ: Реформите во изборниот систем мора да бидат сеопфатни и правични

ЦИВИЛ ги повикува медиумите на прес конференција на отворено, утре (петок, 19 јули 2019), со почеток во 12:30 часот, пред седиштето на организацијата, на ул. Максим Горки 31/1, на паркингот зад преминот „Палета“. Како и секогаш, настанот е отворен за сите заинтересирани граѓанки и граѓани.

Изборниот систем одамна е зрел за коренити реформи. Само најголемите политички партии го одредуваат обемот на реформите во земјата, додека јавноста, граѓанското општество, експертската заедница и помалите политички партии се оставени на маргините.

Кои се клучните препораки на ЦИВИЛ за реформи во изборниот систем? Како се злоупотребуваат помалите етнички заедници и ранливите категории граѓанки и граѓани во изборните процеси? Дали, како и во која временска рамка треба да се промени изборниот модел? Дали Северна Македонија има потреба од предвремени избори? Што (не) треба да се случи со Изборниот законик, Избирачкиот список, финансирањето на политичките кампањи?…

Ова се само дел од прашањата на кои ЦИВИЛ континуирано споделува со јавноста резултати од мониторингот, како и анализи и препораки за подобрување и демократизирање на изборните процеси.

Во пресрет на средбата на лидерите на најголемите политички партии, ЦИВИЛ уште еднаш ќе сподели со јавноста дел од клучните анализи и препораки за изборните процеси и реформите во оваа сфера и ќе се потруди да даде релевантен одговор на сите прашања од медиумите.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian English