„City Tree“: Зелени билборди - симбол на потребата од урбано зеленило

Инсталација на зелени билборди за прочистување на воздухот како дел од проектот „City Tree“, ќе се постават во центарот на Скопје и на Тетово, на почетокот на октомври. Оваа иновација беше претставена на денешната прес-конференција на која присуствуваше германската амбасадорка Кристине Д. Алтхаузер

„Во Македонија загадувањето на воздухот во континуитет последните години е над дозволеното. Битола и Скопје, се први на листата на најзагадени градови во Европа! Инсталацијата ќе помогне за намалување на аерозагадувањето, подобрување на квалитетот на живот и подигнување на јавната свест за зачувување на животната средина. Станува збор за вертикална структура од мовови, со васкуларни растенија кои апсорбираат ПМ честички, азотни оксиди и озон. Пропустливата структура има способност да ја успори брзината на ветрот. Мововите ја привлекуваат ситната прашина и ја претвораа во фитомаса која ја користат како храна“ , изјави извршната директорка на „Еко-свест“, Ана Чоловиќ Лешоска, претставувајќи го проектот „City Tree“.

 

Лешоска потенцираше дека „City Tree“ не е замена за урбаното зеленило и дека претставува симбол за тоа оти Скопје и Тетово треба да се трансформираат во зелени градови.

Структурата на зелените билборди е самоодржлива и потребно и е сервисирање од само неколку часа годишно. Една инсталација чини 25.000 евра.

DSC_0044

Кристине Д. Алтхаузер, амбасадорка на Германија

„Надворешната политика на Германија е во правец на справување со последиците на климатските промени. Во тој правец, во моментов, спроведуваме два проекта во Македонија, едниот се однесува на влијанието на климатските промени врз земјоделието, и вториот проект кој денеска го претставуваме. Вакви зелени билборди се поставени во повеќе градови во Германија, но и во Осло, Хонг Конг...“, истакна Кристине Д. Алтхаузер.

DSC_0053

Цветанка Икономова Мартиновска, Град Скопје

Според раководителката на Секторот за заштита на животната средина и природа во Град Скопје, Цветанка Икономова Мартиновска, во моментов се изведуваат повеќе проекти за намалување на загаденоста на воздухот, меѓу кои е и мерење на влијанието на огревното дрво и влијанието на сообраќајот врз загадувањето.

зелен билборд

Проектот „City Tree“ го спроведува Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ од Скопје, во соработка со Амбасадата на Германија, Град Скопје и македонски и странски компании – донатори.

Марија Теговска

Камера: Дехран Муратов

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian English