Битола побара слободни избори

Над 600 граѓанки и граѓани на Битола присуствуваа на јавниот настан „Сите за слободни избори“ кои го организираа ЦИВИЛ – Центар за слобода и здружението „За нас се работи“ во центарот на Битола, на 5 декември. На настанот се поделија над две илјади примероци од печатениот материјал кој се однесува на гласачкото право и на сѐ јавните барања да се обезбедат минимум услови за слободни избори.

FEFC event BT 05122015Воедно, се спроведе и фото-петиција во која учество зедоа педесетина посетители, а учесниците ги проследија аудио и видео материјалите на ЦИВИЛ, кои ја илустрираат реалноста во Република Македонија. „Ова го нема на вестите на националните ТВ станици“ – гласи предизвикувачкиот тизер на ЦИВИЛ за овој настан, кој битолските медиуми го најавија уште пред неколку дена.

Претставниците на ЦИВИЛ и За нас се работи одржаа и прес конференција за битолските медиуми кои се одзваа на поканата на организаторите на настанот и се заблагодарија на големата поддршка од граѓанките и граѓаните на Битола и од целата земја.

XhD press BT 05122015bКампањата „Сите за слободни избори“ е дел од проектот „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“ кој го имплементира ЦИВИЛ – Центар за слобода во соработка со повеќе организации и иницијативи на граѓанското општество во Република Македонија, како и со ГОНГ, Хрватска. Проектот го финансира Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Print Friendly, PDF & Email