Бескруполозна борба за власт

Проектот „Слободни и ненасилни избори 2013“ го имплементира
Цивил – Центар за слобода со финансиска поддршка од
Швајцарската агенција за развој и соработка. Проектот се
спроведуваше на национално ниво и содржеше две основни
компоненти:
А. Јакнење на јавната свест за изборната култура и превенција
од насилство и оружено насилство;
Б. Работа на терен – работата на терен беше високо интензивна
и беше насочена кон превенција од изборни нерегуларности,
насилство и оружено насилство во текот на целиот изборен
процес и постизборието.
Цивил продуцираше 8 видео спотови за ТВ кампања и 20 радио
џинглови со пораки за поддршка на слободни и ненасилни избори.
Тимот на Цивил дизајнираше и голем број графички материјали за
печатење и онлајн објава. Пораките на кампањата беа пренесени
преку 6 телевизиски, 9 радио станици и 8 интернет портали. Сите
продукти на кампањата беа на македонски и албански јазик.
Креативниот тим на Цивил продуцираше и документарни филмови;
наместо предвидениот 30-минутен документарец, се продуцираа
четири документарци. На сето тоа, Цивил додаде и 16 видео клипови
во рамки на неформалната кампања наречена „Ајде да бидеме
озбилни“ со намера да ја зајакне јавната свест преку хумористични
слогани.

 

Download here

Print Friendly, PDF & Email