Бараме #СлободниИзбори!

ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе одржи прес конференција и средба со граѓанките и граѓаните, како и со заинтересираните политички субјекти денеска (6 април) пред Собранието на РМ, во 12 часот.

На средбата, ЦИВИЛ ќе го сподели со јавноста ставот дека слободни избори не се можни на 5 јуни и дека владата треба да поднесе оставка поради неуспехот да го спроведе Договорот за надминување на политичката криза, потпишан во Пржино (2 јуни/15 јули 2015.), а со тоа оневозможи и создавање услови за одржување слободни избори во Република Македонија.

Со фантоми - НЕ! Со уцени - НЕ! Со насилство - НЕ! Со наши пари - НЕ! Со корупција - НЕ! Со лаги - НЕ!

‪#‎СлободниИзбори

 

Соопштение на ЦИВИЛ, 5 април 2016

ВИДЕО: Соопштение на ЦИВИЛ, 4 април 2016

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian