Анкета: Скопјани не знаат кој им е премиер?

Најголемиот дел од граѓаните кои деновиве на скопските улици ги анкетираше екипата на ЦИВИЛ Медиа, не знаат кој е Емил Димитриев!

Emil.Dimitriev_gОткако Никола Груевски поднесе оставка, со одлука на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, нов претседател на Владата е Емил Димитриев. Поттикнати од кадровската  промена на најважната политичка позиција во државата, сакавме да провериме колку се граѓаните информирани за тековните промени во Владата.

Спроведовме и снимивме анкета низ улиците на Скопје, прашувајќи ги минувачите - дали знаат кој е Емил Димитриев?

Најголем број од граѓаните првпат слушаат за името на новиот премиер, неколкумина слушнале за Димитриев, но не знаат која е неговата функција, или на него гледат како на привремен заменик на Груевски. Само мал број од скопјаните кои ги анкетиравме, знаеја дека токму Димитриев е новиот премиер.

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=u2-UlsGemhQ[/youtube]

Тоа што може да се забележи кај најголем дел од анкетираните скопјани е дека заминувањето на Груевски од позицијата претседател на Владата, не влијае врз нивната перцепција за него, односно, за нив - Груевски сé уште е тој кој раководи со државата

Print Friendly, PDF & Email