Анкета на ЦИВИЛ: Политички и медиумски притисок

ЦИВИЛ – Центар за слобода спроведува онлајн анкета под наслов „Политички и медиумски притисок“, со осум прашања кои се однесуваат на притисокот врз граѓан(к)ите од политичките партии, институциите и медиумите, како и за безбедносната состојба во Македонија.

CIVIL LOGO official2010 sПритисоците, манипулациите и несигурноста се секојдневие со кое граѓан(к)ите во Македонија се соочуваат веќе долго време. Преку оваа анкета, ЦИВИЛ ќе се обиде барем делумно да го измери нивото на овие притисоци.

Анкетата се спроведува како дел од проектот „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“ посветен на заштита на гласачкото право и придонес кон создавање услови за слободни избори во Република Македонија.

Кликнете ТУКА за да одговорите на анкетата која ќе ви одземе најмногу една минута.

Истовремено, ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да се вклучат во работата на нашата организација како граѓански набљудувачи и граѓански новинари и со своите пријави, коментари и сугестии да придонесат кон создавање услови за слободни избори во 2016 година. Посетете ја веб страницата на ЦИВИЛ, онлајн формуларот за пријава на политички и други притисоци и Фејсбук страницата на ЦИВИЛ.

Print Friendly, PDF & Email