Алтхаузер: Да се биде дел од ЕУ е како да сте дел од големо семејство!

„Европската унија има многу да понуди. Да се биде дел од Унијата, не е само да се искористат предностите од членството во истата, ние сме убедени дека ЕУ може да се развива во вистинската насока, само ако земјите се посветени на контрибуирање при имплементацијата на идеите и принципите“, изјави Кристине Д. Алтхаузер, амбасадорката на Сојузна Република Германија во Македонија, на националната конференција „Europe, my country“ (Европа, мојата земја), која во организација на EuroDEMOS – Романија, V2020 – Англија, TDM2000 – Италија и Младинскиот сојуз Крушево – Македонија, со поддршка од Europe for Citizens програмата на Европска унија, се одржа денеска во Скопје.

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=A9gbK5PplJA[/youtube]

„Не е доволно само да се набљудуваат европските вредности, ние од сите страни очекуваме волја за постигнување компромис, а особено кај младите генерации и сите оние кои партиципираат во европскиот проект.  Да се биде дел од ЕУ, за мене е, како да сте дел од големо семејство и тоа семејство овозможува живеалиште и храна, но успева да го направи тоа само ако сите придонесуваат... Некогаш се караме со нашите браќа и сестри, но никогаш да не заборавите дека на крајот е подобро да се смирите со нив“, рече, меѓу другото, амбасадорката Алтхаузер.

„Моето ЕУ семејство не е совршено, и има уште многу работи да се направат, но нема алтернатива. Во минатото многу луѓе морале да страдаат од националната нестабилност, но не помалку и од  политичарите во претходните генерации... Јас и припаѓам на онаа генераија која никогаш не морала да се соочи со војна и не знам што значи тоа. Но, затоа сум сигурна дека би сакала да придонесам и да дискутирам со вас, според мене, за придобивките на ова големо европско семејство“, истакна германската амбасадорка.

 

ЦИВИЛ Медиа

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian