Доброволно ја изразувам својата индивидуална поддршка на ЦИВИЛ ‒ Центар за слобода (во натамошниот текст: ЦИВИЛ). Со ова изјавувам дека:

  1. Го прочитав, го разбрав и го поддржувам Статутот на ЦИВИЛ;
  2. Целосно се согласувам со визијата и мисијата на ЦИВИЛ, кои се дел од статутот на организацијата;
  3. Целосно ќе се придржувам кон Кодексот на ЦИВИЛ;
  4. Активно ќе се залагам за исполнување на визијата, мисијата и клучните вредности, како и за целите и задачите на ЦИВИЛ;
  5. Активно ќе придонесувам за позитивниот имиџ на ЦИВИЛ во јавноста;
  6. Ќе се залагам за почитување на Универзалната декларација за човекови права, Европската конвенција за човекови права и другите меѓународни и национални документи и легислатива што се во согласност со Статутот и другите основни и стратегиски документи на ЦИВИЛ.

Со ова, се согласувам и потврдувам дека:

- Сум запознаен/а со содржината на основните документи, како и со активностите на Цивил;

- ЦИВИЛ не презема никакви трошоци што можат да произлезат од оваа постапка;

- ЦИВИЛ не презема одговорност што можат да произлезат од поддршката или членувањето во организацијата;

- ЦИВИЛ не одговара за моите постапки и однесувања што се надвор од мојата комуникација и одговорности делегирани од организацијата;

- Моите приватни постапки и активности нема да ги доведувам во врска со работата на ЦИВИЛ, нема да оддавам службени тајни, ниту ќе работам против интересите на организацијата.

Изјава за Поддршка

 

Верификација: