• Ова е формулар за учество во натпреварот „Биди граѓански новинар!“ на кој можете да учествувате со извештаи во форма на видео снимки и фотографии за сите видови злоупотреби, притисоци и кршење на човековите права во изборен контекст. Доколку не можете да ги испратите материјалите преку овој формулар, ве молиме испратете ги директно на [email protected] со податоците кои се побарани во овој формулар. Видео, аудио и фото записи, како и текстови за закани, уцени, политичка корупција, поткуп на гласачкото тело, кршење на гласачкото право, злоупотреба на јавните ресурси и администрација се теми кои сегашните и идните граѓански новинари можат да ги споделат со јавноста преку проектот „Граѓански објектив“ на ЦИВИЛ, а притоа ќе добијат можност и да бидат наградени. Секој месец, петте најуспешни трудови ќе бидат наградувани со вредносни ваучери за набавка на фото,видео, компјутерска и телефонска опрема. Највисоката награда на месечно ниво е 110 долари. ВАЖНО: Материјалите да се испраќаат во оригинал, без ефекти и обработка.


 
 
  • За поголеми видео содржини ве молиме испратете ни преку WeTransfer. https://www.wetransfer.com/ На следниов mail: [email protected]
 

Потврда дека не сте робот?