Ристоска: СЈО не прифаќа ултиматуми!

„Со оглед на тоа дека извештајот е веќе апсолвирано прашање и 18-те прашања кои останаа како неодговорени, не се однесуваат на извештајот, обвинителката Јанева јасно кажа дека нема да присуствува на седниците. Не сме ние тука за да ни се поставуваат ултиматуми! Согласно Законот за СЈО, нашата улога е да спроведуваме истраги за содржината на незаконското следење на комуникациите. СЈО ја исполни законската обврска, очекуваме покана за пленарна седница и Јанева ќе се појави таму, исто како што денес ќе се појави на Советот на јавни обвинители“, истакна денеска обвинителката Ленче Ристоска.Нејзиниот дециден став е своевиден одговор на СЈО на вчерашната изјава на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ,  Илија Димовски, кој постави ултиматиум и рече дека мнозинството нема да прифати разгледување на какви било барања од Јанева, доколку таа „не се извини и не се врати на комисиската расправа во Собранието“.

_DSC0138

Како одговор на заканата дека Собранието нема ни да ги разгледа предлозите за измени во Законот за заштита на сведоци и во Законот за приватност, Ристоска денес рече:

„Се разбира, законите кои апелирам да се донесат, би ја олесниле работата на СЈО и би придонеле за сите спорни состојби, пред сé, затоа што лицата кои се плашат, би имале можност да ја кажат својата верзија на настаните и да помогнат во расветлување на вистината. Нашата работа нема да заврши тука, само затоа што Собранието нема да ги донесе измените на законите кои се во интерес на сите граѓани. Ние ќе ги користиме сите процесни можности кои Законот за кривична постапка и останатите закони ни ги овозможуваат“.

Марија Теговска

Камера и монтажа: Моника Талеска

Print Friendly, PDF & Email