Изби вода под Археолошкиот музеј!

Избива вода од „барокниот“ Археолошкиот музеј на Македонија! Тоа може да се забележи на фотографиите кои денес ги испрати граѓански новинар на адресата на ЦИВИЛ - Центар за слобода. Околу пладне, вработени во музејот ја чистеле водата која избила од под плочките, на просторот пред музејот.

Како што известува граѓанскиот новинар, жените кои ја метеле насобраната вода, во меѓусебен разговор, се жалеле дека и покрај тоа што чистење на просторот на влезот пред музејот не е нивна надлежност, сепак, единствено тие биле ангажирани околку тоа, а надредените седеле во своите канцеларии.

„Не можам повеќе, веќе два часа тука метам, додека тие горе уживаат, а само јас работам!“, цитира граѓанскиот новинар една од вработените во музејот. По поплаките, вработен во музејот им наредил да не се жалат и да продолжат да работат.

[huge_it_gallery id="11"]

Од објектите на контроверзниот проект „Скопје 2014“, покрај една поплавена „галија“, вода изби и во новиот МНТ, а на поплавени подруми се жалеа и вработени во Министерството за надворешни работи...

 


 

Оваа содржина се објавува во рамките на августовскиотciviv-lenses-logo-en-copy-500x414 циклус од натпреварот „Биди граѓански новинар“ на проектот Граѓански објективна ЦИВИЛ, поддржан од National Endowment for Democracy. Содржината на овој прилог е минимално редактирана од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, соодветно на концепцијата на проектот и на веб страницата.

Print Friendly, PDF & Email