Орданоски: Државната изборна комисија нема легитимитет!

Во рамките на месечните видео-анализи на д-р Сашо Орданоски, беше опфатена и работата на Државната изборна комија. „Државната изборна комисија нема легитимитет!“, анализира Орданоски.

„Државната изборна комисија, вака како што наново се формираше, беше еден обид да се воспостави некој политички баланс, внатре во неа, за да произнесе некаков легитимитет кој би бил прифатлив за сите страни.

Наскоро се покажа дека тоа е невозможно, бидејќи таму има базични недоразбирања и тие недоразбирања, на крајот, произлегуваат од тоа што институциите што ја хранат ДИК со податоци се институции чиј кредибилитет е изгубен. Тоа потоа произведува кавги во самата комисија, па дури и оној експертски состав за кој мислевме дека е составен од експерти, почна да се однесува политикантски. Сите податоци, сите процедури, сето тоа е доведено под прашање.

Тоа е ДИК... Сега ми се чини дека ДИК повеќе нема легитимитет и дека таму ќе биде неопходно странците да влезат поробусно и да го обезбедат делот на податоците, да имаме работа според некакви стандарди кои тие ќе ги гарантираат. Дури тогаш, ќе може да кажеме дека ДИК ќе произведе резултат, а тоа е, пред сѐ, Избирачкиот список, па потоа, и самите избори кои ќе бидат прифатливи за сите страни“.

Д-р Сашо Орданоски

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: English