Шарената револуција: Раскрстивме со вас!

Со порака испишана на крстосницата кај Соборниот храм: "Раскрстивме со вас - 18.06.2016!", денеска напладне, започна блокирањето на сообраќајот во Скопје. Подржувачите на Шарената револуција ги блокира крстосниците кај Соборниот храм, кај Судската палата и кај Црвениот крст.

DSCN8490

Како што изјави Александар Богоевски, од Шарената револуција, со овие блокади симболично се претставува блокираната држава во која живееме и блокираните институции.

"На овој начин, граѓаните кои немаа можност да ги слушнат 'бомбите' што ги објави опозицијата, и да слушнат во каква држава живееме, на овој начин, врз своја кожа ќе ја почуствуваат блокираната држава", порача Богоевски.

DSCN8504

За време на блокадата на крстосницата кај Соборниот храм, се случи мал инцидент, кога возач на мотор, се обиде да ја пробие блокадата и со погрдни зборови им се обрати на демонстрантите кои ја блокираа раскрсницата.

13401393_1262395530455294_461780633_n

Триесетина коли со регистарски таблички - „Шарена револуција“ ја блокираа и крстосницата кај Судската палата.

„Ги блокираме крстосниците за да види овој режим како е да се живее 10 години под блокирани институции. Откако претседателот Ѓорге Иванов ја повлече аболицијата, барањата остануваат исти како што ги соопштивме на 6-ти јуни, а тоа е да се произнесе Уставниот суд за Специјалното јавно обвинителство, за законитоста на СЈО и сите приведени и сите оние кои што имаат прекршочни или кривични пријави, да бидат ослободени и овие барања мора да се исполнат до 18 јуни“, изјави активистот Драган Додевски.

[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=cE0sbgGsm9I[/youtube]

По 45 минути блокадите завршија и сообраќајот продолжи да се одвива по нормален тек. Шарената револуција најави дека и во наредниот период ќе продолжи со најразлични форми на протест се до исполнување на сите барања.

РЦМ

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian