„Спонтано“ чистење на пораките од ОК на ВМРО ДПМНЕ - „Центар“

На 21 април 2016 година во Скопје се одржа контра-протест организиран од Граѓанско движење за одбрана на Македонија - ГДОМ. Неколку часа пред контра-протестот, пораките „СЈО“, „Грујо црко да бог да..!!!“, „Зоран Заев“, „Да ве е..м ВМРО“, коишто беа испишани на објектот на ОК на ВМРО ДПМНЕ - Центар што се наоѓа спротив ТЦ „Палома бјанка“, беа избришани од двајца партиски активисти.

[youtube]https://www.youtube.com/watch?v=QtmyH9dknQU[/youtube]

Пораките беа испишани неколку дена претходно од демонстрантите на Шарената револуција. Партиските активисти откако ги избришаа пораките, се фотографираа дека ја завршиле работата и си заминаа.

20160421_173808

Дел од присутните граѓан(к)и кои го следеа целиот настан, коментираа: „Мора прво да бришат и пишуваат пораки, да лепат плакати, да одат на митинзи и контра-протести…, а откако ќе се 'докажат' дека и се верни на партијата, можеби ќе ги направат и државни службеници“.

Хадис Сулејман

CIVIV LENSES logo EN - CopyОваа содржина се објавува во рамките на третиот круг од натпреварот „Биди граѓански новинар“ на проектот Граѓански објектив на ЦИВИЛ, поддржан од National Endowment for Democracy. Содржината на овој прилог е минимално редактирана од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, соодветно на концепцијата на проектот и на веб страницата.

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian