ГДОМ со закани кон активист на Движењето за Битола

Дел од контра-демонстрантите во организација на ГДОМ, синоќа се собраа во Битола пред домот на еден од активистите на Движењето за Битола, Илија Балтовски. За овој случај, Балтовски информираше на својот Фејсбук профил.

џд

“Вечерва (10.05.2016) се случи за прв пат нешто толку невообичаено. Целата населба беше блокирана со полициско обезбедување, мислиш дошол Обама или Путин на гости во “Недопирливи“. Пред мојот дом се појавија неколку стотици "контрадемонстранти" извикувајќи пароли, чиниш протестираат пред канцеларијата на "градоначалникот", “премиерот“ или “претседателот“. Зошто???, Затоа што јас, Илија Балтовски , најобичен граѓанин на Битола, сум во првите редови на протестите кои се организираат минатите неколку недели во Битола борејќи се за мојата борба и правда и затоа што јавно ги искажувам моите несогласувања со политиката која ја спроведува овој режим, а најмногу нашиот градоначалник, кој после овој настан можам да го наречам единствено со еден збор “ФАШИЗАМ“. Ако имавте намера да ме заплашите мене и моето семејство, сте ја згрешиле адресата. Ако имавте намера да ги заплашите моите комшии и пријатели, повторно бевте на грешна адреса”.

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Илија Балтовски, за вчерашниот настан, како тој планира да постапи и дали смета дека се работи за закана која треба да направи тој да се повлечи од “Битолското движење”, како здружение кое е дел од протестите кои повеќе од еден месец секојдневно се организираат во Битола, и е организатор на неколкуте герила акции кои изминатите денови беа организирани за градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

“Сакаа да извршат притисок, затоа што јас сум во првите редови на протестите. Контра-демонстрантите намерно дојдоа пред мојот дом и извикуваа: “Платеник”, “Шпиун”, “Соросоид”... Можеби имале намера да направат и нешто повеќе, ама имаше голем број полицајци, па поради тоа немаше насилство. Немам намера да поднесам пријава, а и против кого ќе поднесам? Јавено им е од штабот кај Балто дома да се оди и тие тоа го прават. Што значи секако е намерно” - изјави Балтовски во телефонски разговор за ЦИВИЛ Медиа.

Како што информираше тој, протестите продолжуваат и денеска.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian