Заев: Да се укине аболицијата на криминалците од власта

Жестоки критики на сметка на власта, одложување на изборите, повлекување на аболицијата на Иванов, ослободување на медиумите, департизација на судството и низа други мерки и реформи за излез од политичката криза во Македонија, се дел од ставовите на највисоките претставници на над дваесет политички партии кои денеска беа дел од четвртата јавна дискусија на тема „Плурализмот и политичката криза“ во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода. На јавната дискусија присуствуваа и над 50 претставници на организациите на граѓанското општество, медиуми, граѓански иницијативи и дипломатските претставништва и мониторинг мисии во Република Македонија.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев зеде учество на јавната дискусија “Плурализмот и политичката криза”, во организација на ЦИВИЛ- Центар за слобода и со јавноста сподели драгоцени информации за текот на преговорите и за решенијата кои ги предлага опозицијата. 

Во своето обраќање Заев откри ексклузивни детали за билатералните средби кои се водат во моментов, за немањето на услови за избори на 5-ти јуни, можноста за свикување на Парламентот, незаконската аболиција, како и за политичката криза во поширок контекст. Во своето излагање Заев, за прв пат ја претстави идејата за условен датум за избори, а не фиксен, како што беше случајот до сега.

“Преговори нема, има билатерални разговори, ние и другите партии со меѓународни претставници. Преговори ќе има кога ќе се повлече аболицијата и ќе се одложат изборите. На 5-ти јуни избори нема да има и не може да има, не заради Зоран Заев, тука заради тие граѓани кои се на улиците, и заради сите аргументи”, истакна Заев.

IMG_7379“Дали може да се свика Парламентот? Да! Пет, шест или повеќе членови на ДИК, треба да го известат претседателот на Парламентот Трајко Вељановски, дека услови за избори нема затоа што не е прочистен Избирачкиот список”, продолжи Заев.

Во вториот дел од јавната дискусија, Зоран Заев даде дополнителни информации и одговори на многубројните прашања од новинарите и другите учесници на јавната дискусија.

Настанот е во рамките на проектите „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“, поддржан од Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија и „Напред!“ – проект за изборен мониторинг, финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian