Јанев: Да се победи стравот!

ЦИВИЛ – Центар за слобода, ги додели наградите за граѓанските новинар(к)и во вториот  циклус на проектот „Граѓански објектив“ во хотелот „Сити Парк“, во Скопје. Митко Јанев е добитиник на првата награда за видео прилогот „Беше едноумие, сега е безумие“.

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=mmAyyEyjfV4[/youtube]

„Учествував на овој семинар за граѓанско новинарство и среќен сум што бев учесник и уште посреќен што добив и награда за граѓанско новинарство. Сакам да ги повикам сите што се како мене, или помлади од мене, кои што сакаат да дадат едно свое,  критичко гледање на состојбите во државата, да учествуваат на натпреварот, бидејќи кај нас има доста страв. Тој страв треба да се победи, бидејќи во една нормална земја, да речеме, доколку ја сметаме Македонија за нормална земја, власта треба да се плаши од граѓаните, а не обратно. Мојата порака е: ‘Бидете храбри и правете го тоа што го правам јас’“, изјави Митко Јанев, добитник на првата награда во вториот циклус на натпреварот „Биди граѓански новинар“.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian